Се одљубив конечно,
помисли тивко.
И љубовта ѕирна,
низ клучалка,
преку очи, кроз срце,
Неверојатно силна,
Неверојатно остра,
Го закова без крст,
една ноќ,
втора ноќ,
трета ноќ
можда заувек?
Во депресија и безмоќ.
Дали ја загуби сребрената?
“Не!“, рече збунето тој,
“ја закопав далеку во минатото“
Полниот месецот се разлеа
под шумата, и тој погледна наоколу.
Сенките на дрвата се разбегаа
и ветерот се стиши.
Дали ја најде виолетовата?
“Престанав да барам!“, рече тој,
“И таа е закопана“, рече тажно,
“помеѓу другите бои“
Дали се скри повторно вчера?
“Да, секогаш успевам да се скријам!“,
шепна тој тивко,
“Позади моите бои“, се присети,
“сребро и срцето што гори“.
И чекори во шумата сонувајќи,
заслепен од полниот месец,
Заборавајќи на
кутијата со слики,
кутијата со ѕвезди,
виолетовата и сребрената.
Исполнети денови во
кутија со слики,
кутија со ѕвезди,
виолетова и сребрена.
Дали ја слушна пролетта?
“Погледнав“, рече тој,
“беше позади сликите,
во кутијата,
покриена со снег,
виолетова и сребрена.“
Дали се скри?
“Да, позади месецот се скрив“,
шепна тој тивко,
“додека заводливо
тонеше во асфалтот“,
разлевајќи магепсна
виолетова и сребрена.